Утрински Весник
Магазин

Поднесени жалби за настапот на Ријана на „Супербоул“

Поднесени жалби за настапот на Ријана на „Супербоул“

Повеќе од 100 жалби се поднесени до американската Федерална комисија за комуникации (FCC) во врска со настапот на Ријана на полувремето на „Супербоул“, кое многумина го сметаат за „претерано сексуализиран“.

dobivaj vesti na viber

Додека фановите беа навидум возбудени што ја видоа поп-ѕвездата како се враќа на сцена по долгогодишна пауза, се чини дека нејзиниот настап – заедно со нејзините танчерите – беа премногу ризични за некои гледачи.

Федералната комисија за комуникации прими 103 поплаки од револтирани луѓе кои сметаат дека текстот и кореографијата се премногу сексуализирани, а некои отидоа дотаму што го споредија настапот со порнографија, пренесува „ТМЗ“.

„Не ми е гајле што обожаваат некои луѓе, но децата не треба да бидат изложени на порнографија и како возрасен не сакам да ја гледам“, напиша гледач од Калифорнија и додаде: „Каде отиде пристојноста? Што е со почитта кон другите и себеси?“

Можете да прочитате

Розов шум“ може да го влоши сонот, особено кај децата

Домот ви мириса непријатно? Овие навики можеби се виновни

Месечината во Девица носи длабока љубов: Три знаци се особено среќни