Утрински Весник
Скопје

Подгответе се за гужви: Од 15 часот посебен сообраќаен режим во Скопје

Images 4.jpeg

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 15.00 до 17.00 часот, поради одржување на протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можете да прочитате

Во Скопје 5. издание на трката „Водно 10К”, посебен сообраќаен режим

Жители од Ново Лисиче бараат одложување на зонското паркирање

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје