Утрински Весник
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ: По топлиот бран, доаѓа бурно невреме во Македонија!

Nevreme369.jpg

Поради продор на поладен воздух на висина, поврзан со ладен фронт од север, утре (петок 27 јуни) во нашата Република Македонија и тоа во попладневните и во вечерните часови ќе се формираат влажни фронтални бранови. Токму ова ќе услови локално да се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра кои локално ќе бидат интензивни. Овие конвективни облаци ќе условат поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).

Процесите локално ќе бидат и бурни во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време и истиот би можел да услови локални поројни поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на крупен град.


Поради ваквата состојба, апелирам, во случај на појава на силно невреме и на силни електрични празнења, граѓаните да обратат голема претпазливост, односно, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, граѓаните своите автомобили и тоа во случај на силен ветер да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се осамени.

Што се однесува до температурите, и понатаму утре (петок 27 јуни) ќе биде многу топло со температури слични на денешните, меѓутоа, доцна попладне и навечер тие постепено ќе опаѓаат, со што од север ќе започне да се спушта посвежа воздушна маса.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Усвоена Декларација за одбрана на професионалното новинарство на годишното собрание на ЗНМ

Интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд на 9 јули ќе се најде на собраниска седница

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ