Утрински Весник
Свет

Подарок што полскиот полициски началник го добил во Украина, експлодирал во Варшава

Подарок што полскиот полициски началник го добил во Украина, експлодирал во Варшава

Подарок ​​што полскиот полициски началник го доби за време на неодамнешната посета на Украина, експлодираше во седиштето на полицијата во Варшава. Полесно се повредени командирот и еден цивилен вработен, соопшти полското МВР.

dobivaj vesti na viber

Експлозијата се случила вчера наутро околу 7:50 часот, соопшти Министерството, кое не прецизирало каков предмет добил командантот на полската полиција на подарок за време на работната посета на Украина, пренесува АП.

Командантот се сретна со водачите на украинската полиција и службите за итни случаи во неделата и понеделникот, соопшти Министерството.

„Полска побара објаснување од украинската страна“, се вели во соопштението на полското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението објавено денеска се наведува дека полицискиот командир од вчера е во болница на опсервација, додека повредениот цивилен вработен не бил хоспитализиран бидејќи тоа не било потребно,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран

Новата апликација на ЕУ треба да го намали застојот на аеродромите