Утрински Весник
Култура

Почнува третиот Скопски поетски фестивал

Почнува третиот Скопски поетски фестивал

Со поетското читање под наслов „Воздух. Ветер. Дишење.“ вечерва од 20 часот во киното „Фросина“, официјално започнува третиот Скопски поетски фестивал. На отворањето ќе настапат: Санде Стојчевски, Лулзим Хазири, Моника Стојановска, Перица Сарџоски, Игор Трпчески, Николина Андова Шопова, Дарија Јовановска, Драгослав Дедовиќ (Србија), Лана Деркач (Хрватска), Ален Брлек (Хрватска), Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта) и Мартин Глаз Серуп (Данска). Читањето ќе биде придружено со музичка импровизација на дувачки инструменти. Ќе свират Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски и Владимир Лукаш.

dobivaj vesti na viber

Фестивалскиот ден ќе започе со неколку преднастани по следниов редослед: час по утринска јога со поетска медитација воден од Марија Георгиева, што започна во 09:30 часот во Паркот на франкофонијата.

Во градската библиотека „Браќа миладиновци“ ‒ Скопје со почеток од 11:00 часот ќе се одржи мастерклас, односно, работилница за креативно пишување поезија што ќе ја одржи Имануел Мифсуд, поет и универзитетски професор од Малта.

Во 18:00 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, ќе се одржи читачката промоција на „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“, приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, издание на ПНВ Публикации, на која ќе настапат дури триесетмина од застапените четириесет и два млади поети и поетеси.

Годинешното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и „Традуки“, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и „Бест Вестерн Хотел Турист“. Медиумски покровител е „Нова Македонија“, а медиумски партнер е „Култура Бета“.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“