Утрински Весник
Македонија

Почнува судењето против Бујар Османи, Македонско движење од Канада го тужи за клевета

Османи во прва работна посета на Јордан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска треба да се појави пред Граѓанскиот суд, каде ќе се соочи со тужба за навреда и клевета од страна на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).

dobivaj vesti na viber

Од македонското движење поднесоа тужба против Османи бидејќи тој лани во октомври за бугарската телевизија БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. Османи го посочи токму ова движење како еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Рече дека се работи за фондација од Канада која работи спротивно на интересите на државата и на интересите на македонските стратешки партнери.

На 27 јануари 2023 година, претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов и организацијата (ММДЧП) поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје и против медиумот 360 Степени.

„Османи и 360 Степени се гласно критични против сите кои ќе изразат несогласување со режимот и со американските анти-македонски политики, и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Тужбите се за кршење на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, велат од Македонското движење.

Можете да прочитате

Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%