Утрински Весник
Македонија

Почнува со работа дежурната служба на Стоматолошките клиники во Скопје

Image 213045.jpg

Директорка на стоматолошки клиники Цветанка Бајрактарова објави дека дежурната служба на Стоматолошките клиники во Скопје ќе работи и за време на викендите и празниците.

– Со цел подобрување на грижата за пациентите и нивното орално здравје, започнува со работа ДЕЖУРНАТА СЛУЖБА во рамките на ЈЗУ Универзитетскиот стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје. Оваа иницијатива е одговор на потребите на пациентите за итни стоматолошки услуги и е во согласност со заложбата за обезбедување највисок стандард на здравствена заштита. Како врвна здравствена институција во Република Македонија, наша обврска е да обезбедиме континуирана и достапна стоматолошка грижа за сите граѓани, сподели Бајрактарова.

Дежурната служба ќе започне со работа од 10.08.2024 година и ќе работи за време на викендите и празниците со работно време од 08:00 до 20:00 часот

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова