Утрински Весник
Култура

Почнува шестото издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Вечерва ќе биде отворено 6. издание на „Џез фактори фестивал“ во Народниот Театар од Битола, институција која се јавува како домаќин на фестивалот.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме кодомаќини и трите вечери ќе се одржуваат на големата сцена на НТБ. Ние колку можеме го помагаме “Џез фактори фестивалот“, а шестата години ветува одлична програма, а во Битола ќе видиме и слушаме во квалитетна џез музика, која ќе ни ја понудат светски џез музичари“, истакна директорот на фестивалот Иван Јерчиќ.

Сашо Поповски кој е осоновач на фестивалот  објави дека главната програма започнува со оригинален проект, направен токму за “Џез фактори фестивалот“, а такви оригинални проекти има три, што е реткост.

„На сцена ќе го имаме најголемото име на светската џез сцена, Баби Сисоко кој доаѓа од Мали, Африка, а ќе настапи заедно со Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија. Вториот концерт е настапот на Славен Љујиќ триото од Црна Гора и Баптист Хербин од Франција, а ова ќе биде дел од мрежата во кој е Општина Битола, кој ги обединува градовите каде има џез фестивали во Франција“, рече тој.

Годинешното 6.по ред издание на Џез фактори фестивалот, ќе се одржи од 13-ти до 15-ти април.

Следниот ден е резервиран за настапот на Милан Петровиќ квартетот од Србија и Liquid Carpet од Словенија.

Последниот ден во НУ Народен театар Битола ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2022 во соработка со Општина Битола, после што следува настапот на Vertitur, non mutatur и Џијан Емин од Македонија.

На 13.април како дел од споредната програма во кафе бар Порта џез ќе настапи „Arnau Garrofé Farràs Quartet“.

Следниот ден е резервиран за конференцијата RJFB France- Balkan Jazz Network, со почеток од 12 часот во Pub Bourbon Street.

Вечерта во Камарите ќе настапи Иле Косата заедно Стефан Тасевски.

На завршниот ден со почеток од 13 часот ќе настапат United Group Department feat Леана Таќи од Македонија, во Камарите.

Џез одделот при Музичката Академија – Универзитет Гоце Делчев – Штип несомнено е главен генератор и двигател на современата Македонска џез сцена во изминатите 15 години. Токму членовите на United Group Department своето формално образование го стекнуваат на УГД моделирајќи ја својата музичка визија низ јазикот на џез музиката. Јован Цветковиќ, Филип Стипшиќ, Емил Ејупи и Теодор Јаневски во комбинација со Леана Таќи ке ве поведат на музичко патување низ различните историски периоди на џез културата.

За овогодинешниот плакат на фестивалот се погрижи Даниел Ѓурчиновски.

Фестивалот се организира под покровителство на Општина Битола со поддршка од НУ Народен Театар Битола, КИЦ- Битола (Офицерски дом) и Министерството за култура.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“