Утрински Весник
Македонија

Почнува Рамазанскиот пост – 24info.mk

20250228172956 Big 730x400 67.webp.webp

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа Рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 30 март. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, Рамазан е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и духовно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко за болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.


По рамазанскиот пост, на 30 март е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник и 31 март (понеделник) ќе биде неработен ден за сите граѓани.

Во пресрет на почнувањето на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи испрати порака во која истакна дека овој голем месец потсетува на важноста на постот, покорноста и добрите дела, и кој не води кон духовно и физичко прочистување.

Тој им порача на верниците дека постот не е само чин на воздржување од храна и пијалаци, туку, како што посочува, духовно патување коe помага да се формира свеста за доброто и да се зајакнува врската со Семоќниот Алах и да се негува чувството кон другите.

– Во овој месец на знаење и мудрост, да бараме знаење и да го продлабочиме нашето разбирање преку читање и размислување. Рамазан исто така е и можност за зајакнување на меѓусебните врски, за остварување на толеранцијата, милоста и хуманоста. Тој не повикува да бидеме сакани, да бидеме повнимателни кон луѓето, особено кон луѓето кои имаат потреба за помош, и да придонесеме за градење на поправедно и мирно општество. Го молиме Возвишениот Алах овој месец да донесе мир во нашите срца и секаде во светот. Се молиме за прекин на сите конфликти и за крај на страдањата на невините луѓе, вели Фетаху.

Поглаварот на ИВЗ во порака посакува овој месец за биде време за помирување, простување и блискост еден со друг.

-Браќа и сестри! Дозволете ми, во име на Исламската Верска Заедница и во мое лично име, да посакам од се срце овој Рамазан да ни биде исполнет со добрина и божествена милост. Алах да ни даде сила и да ни го направи постот лесен и го молиме Севишниот Алaх да ни овозможи опрост и да не покрие со Неговата бескрајна милост. Алах да ве благослови вас и вашите семејства, вели Фетаи во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост. 

Можете да прочитате

Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Пчеларите да ја пријават состојбата на пчелните семејства за да можат да аплицираат за субвенции