Утрински Весник
Македонија

Почнува муслиманскиот аџилак, се очекуваат два милиони аџии

Adzilak.jpg

Муслимани од целиот свет го започнаа денеска аџилакот во Саудиска Арабија, а властите очекуваат оваа година да се соберат два милиони луѓе, и покрај големите жештини.

По обиколката на Кааба, светата камена структура во облик на коцка во внатрешноста на Големата џамија во Мека, аџиите се упатуваат кон блиската долина Мина каде што ќе ја поминат ноќта во огромен град со шатори.

Вториот ден, тие одат на планината Арафат, на околу 20 километри источно од Мека, каде што остануваат до зајдисонце, што го сметаат за врвен момент на аџилакот.

Бидејќи се очекува температурата во Мека да достигне 43 Целзиусови степени, властите ги повикаа верниците да носат чадори за да се заштитат за време на ритуалот.

Аџилакот, еден од петте столбови на исламот, е обврска што сите муслимани мора да ја извршат еднаш во животот, под услов да се физички способни да го направат патувањето до родното место на пророкот Мухамед и доколку имаат финансиски средства.

Мажите носат бела облека без шевови, а жените широка облека, додека ги извршуваат истите ритуали како знак на религиозно единство, еднаквост и стремеж кон духовна обнова.

Аџилакот се одржува од осмиот до 12-тиот ден од последниот месец од исламскиот лунарен календар.

Можете да прочитате

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината

Родителите од Кочани: Ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции