Утрински Весник
Македонија

Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија #8

20240919162742 Big 730x400 93.jpg

Во кафе-книжарницата „Буква“ од денеска до 22 септември ќе се одржува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија #8.

ArtArea/Артерија е книжевно-мултимедијален фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување. Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Бегемот“. 

На годинашното издание ќе може да се проследат шест промоции на книжевни дела, два музички настапа, краток документарен филм и изложба на фотографии. 

Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и книжевната мрежа Традуки. 

– Изложба на фотографии: „Траги на времето“, Наташа Гелева Лени.

– Разговор за книгата: „Градоначалникот на Хипнополис“ од Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска (Бегемот, 2024); со В. Мартиновски и Л. Капушевска-Дракулевска разговара Владимир Јанковски. (19:00)

– Џез концерт – трио Филип Букршлиев, Благојче Томевски и Дориан Јовановиќ. (20:00)

Можете да прочитате

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Пренџов: ДУИ нема да биде дел од Владата, сè додека таа е предводена од премиерот Мицкоски

Полицаец по 4 часа во кафана прегазил велосипедистка која почина – Семејството Цветкоски по две години неизвесност утре ја чека пресудата на судот