Вечерва, во Офицерскиот дом – КИЦ „Битола“ почнува првото официјално издание на фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ во Битола.
„Нашата инспирација доаѓа од традицијата на најопеаниот град на Балканот, од пајтоните, ергените, кои љубовта преку песна ја носеле до срцата на битолските чупи, пеејќи по сокаци, под пенџериња и балкони… Битола вечерва повторно ќе заблеска со сиот сјај, преку песната по која нè препознаваат… Ќе чуеме 16 композиции од познати автори и уште толку попознати изведувачи, придружувани од Камерниот оркестар на Битола. Во тек се последните технички подготовки и проби со изведувачите“, велат од организацијата на фестивалот.