Утрински Весник
Спорт

Почнува 52. Струшки ракометен турнир

20240814074135 Big 730x400 61.webp.webp

Екипите на домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер вечер ќе го отворат 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, што до сабота ќе се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Свеченото отворање е закажано по завршување на мечот, односно за 19 часот и 55 минути, а потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата Вардар и екипата на Тиквеш.

На вториот ракометен ден, Струга ќе се соочи со грчки Паок, по што ќе следува натпреварот меѓу
Тиквеш и Екскилстуна Гуиф.

На 16 август во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат Еурофарм
Пелистер и Паок.

Последниот ракометен ден ќе почне во 10.30 часот со мечот за петто место, додека натпреварот за трето место е закажан за 18:30, а големото финале ќе се игра во 20:30 часот. 

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо