Утрински Весник
Свет

Почнаа руско-украинските преговори во Истанбул

Pregovori rusija ukraina 1.jpg

Третата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација во палатата Чираган во Истанбул е во тек.

Шефовите на делегациите ги почнаа билатералните преговори, а во моментов се одржува состанок лице в лице меѓу секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, и помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, јави агенцијата Риа.


Според Анадолија, на почетокот на преговорите присуствувал и турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан кој рекол дека крајна цел на преговорите е прекин на огнот кој ќе отвори пат кон мир.

Рундата најверојатно ќе трае само еден ден, односно нема да продолжи утре.

Неименуван турски извор за агенцијата изјави дека јазикот на кој се одвиваат преговорите го одредуваат делегациите, а минатата рунда преговори се водела на руски јазик.

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк