Утрински Весник
Магазин

Почна тестирањето на првата вакцина против рак на белите дробови

Laboratori A.jpg

Лекарите од седум земји почнаа со тестирање на првата мРНА-вакцина против рак на белите дробови на пациенти. Клиничкото испитување на луѓе во првата фаза се спроведува на 34 истражувачки места во Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.

Вакцината позната како „БНТ-116“ (BNT116) е произведена во лабораториите на компанијата „Бионтек“ (BioNTech), а работи на принцип на пронаоѓање на канцерогени клетки, коишто потоа ги уништува и спречува да се вратат, пишува „Гардијан“.

Целта на вакцината е да се зајакне имунолошкиот одговор на болните лица од рак, а здравите клетки да останат непроменети. 

Можете да прочитате

4 хороскопски знаци на листата на големи промени: Подгответе се, најважните настани доаѓаат оваа недела

Овие 4 хороскопски знаци имаат моќни особини, а не се ни свесни дека ги поседуваат

„Јас сум одамна мртов, уште од оној ден…“: Животот на Бора Чорба го одбележаа 4 трагедии, судбината баш си поигра со една