Утрински Весник
Македонија

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена

Sneg.jpg

Започна зимата, според пресметките на метеоролозите, чиј почеток се разликува од календарскиот.

Во метеорологијата и климатологијата, годишните времиња се поделени на четири квартали кои траат по три полни месеци. Оваа поделба се прави главно од статистички причини за полесно мерење и споредување на податоци. Според тоа, метеоролошкиот (климатскиот) почеток на зимата е 1 декември.

Календарскиот или астрономскиот почеток на зимата е, во зависност од годината, 21 или 22 декември. Оваа година зимската краткодневица (солстициј) ќе биде на 21 декември.

Особено за статистика, почетокот на годишното време среде месец би бил непрактичен, па уште пред да постојат компјутерите е одлучено тој да биде на почетокот на месецот. На тој начин поедноставно е да се претстават средните месечни вредности на температурата и зимските статистики, појаснува германскиот портал „wetter.de“.

Затоа метеоролошката зима трае од 1 декември до 28 февруари, а во престапна година до 29 февруари. Календарската зима на северната хемисфера оваа година ќе започне на 21 декември во 16:03 часот по средноевропско време. 

Можете да прочитате

ДУИ со осуда за нападот врз Инфомакс

СДСМ: Лажно осудување на ДПМНЕ, нападот на Инфомакс е по српско сценарио

Предлог-Законот за Судски совет едногласно го помина првиот собраниски филтер, поддршка доби  и од опозицијата