Утрински Весник
Свет

Почна конклавата – ќе се избира нов папа

Konklava 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сто триесет и три кардинални електори влегоа во Систинската капела и зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе го почнат тајниот избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква.

Од овој момент кардиналите повеќе не смеат да имаат никаква комуникација со надворешниот свет додека не изберат нов папа.


Попладнево ќе има само еден круг гласање, но доколку не се донесе одлука, кардиналите ќе гласаат до четири пати на ден во наредните денови.

Потребно е двотретинско мнозинство за да се избере нов папа, што значи дека процесот може да потрае, иако последните две конклави завршија до крајот на вториот ден.

Секој кардинал го дава својот глас со пополнување ливче на кое е напишано на латински Eligo in Summum Pontificem (избирам за врховен поглавар), веднаш до името на избраниот кандидат.

На неколку километри од Ватикан, голем број луѓе сè уште доаѓаат да му оддадат почит на папата Франциско на неговиот гроб во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Според информациите од локалните власти, редот за посета на гробот денеска е исклучително долг, чекањето трае повеќе од еден час. Тоа е остар потсетник за тежината на одговорноста што ја имаат кардиналите додека го избираат неговиот наследник на конклавата.

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула