Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Починато лице предложено за советник во Советот на Град Скопје – ДИК ќе го извести Обвинителството

Dik glasanje.png
300x250 opst2

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално движење на Турците, било предложено починато лице, со име и презиме Бејњеза Лутвиовска. Тие ја поништија потврдената листа предложена од политичкиот субјект, објави Скопје1.мк

„На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.


Тој додаде дека Комисијата донела одлука писмено да го извести Јавното обвинителство, кое треба да ги провери податоците и, доколку утврди основ, да покрене соодветни постапки.

„ДИК ќе ги достави сите документи до Обвинителството, согласно нивните законски надлежности,“ посочи Кондарко.

Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи се случиле и претходно, наведувајќи дека и минатата година Работничката партија предложила починато лице на кандидатска листа.

„Тогаш ја отфрливме листата и документите беа предадени на Обвинителството, кое отвори кривична постапка. Таква постапка е предвидена и за вакви случаи,“ изјави Дашковски.

Случајот предизвика внимание во јавноста како нов пример за неажурност и пропусти при поднесување изборни листи, особено во период кога институциите апелираат за почитување на изборните процедури и законската транспарентност.

Можете да прочитате

Кондарко: Непречено гласањето во Ново Село, исправена е печатната грешка, без проблеми и гласањето во останатите места

СДСМ: Бројни прекршувања на изборниот процес, починати лица на избирачки список, закани и кршење на изборен законик

По објавата на 24инфо: ДИК поништи листа со починато лице во кандидатура за Совет на Град Скопје