Утрински Весник
Македонија

Починатиот од Западно-нилска треска дал податок дека не патувал никаде

Ijzz 1024x683 1.jpg

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска информираше дека починатиот пациент од Западно-нилската треска од кочанско, при епидемиолошката анкета, дал податок дека не патувал никаде.

-Лицето изјавило дека имало вознемиреност, омалаксаност, губење на свест и температура. Кај Западно-нилската треска, 80% не дава симптоми, 20% се со благи симтоми на грип, а кај помалку од еден процент може да биде зафатен централниот нервен систем, појасни Андоновска во изјава за медиумите, нагласувајќи дека како институт поседуваат тестови за детектирање и потврдување на болеста.

Годинава во земјава биле регистрирани 4 случаи на Западно-нилска треска, меѓу кои и сега веќе починатиот од општина Чешиново-Облешево.

Можете да прочитате

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

„Спас за Прилеп“ на протест: Бехтел и Енка е над законот

Претрес во Гостивар, најдени дрога, оружје, муниција…