Утрински Весник
Спорт

Почина Синиша Михајловиќ, поранешен српски фудбалер и селектор

Почина Синиша Михајловиќ, поранешен српски фудбалер и селектор

Денеска почина Синиша Михајловиќ, губејќи ја најважната битка со тешката болест, објави италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

dobivaj vesti na viber

Иако два пати успеваше да се избори со болеста, состојбата на поранешниот српски фудбалер и селектор сериозно се влоши во последните денови.

За жал, како што пренесува медиумот, најцрните сценарија се остварија, па Михајловиќ почина денеска во клиника во Италија на 53-годишна возраст.

Негов последен ангажман беше како тренер на Болоња, од каде беше отпуштен пред неколку месеци.

Можете да прочитате

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026

Шкендија со минимална победа над Арсими останува во трката за титулата