Утрински Весник
Свет

Почина познатиот режисер Дејвид Линч

David Lynch1.jpg

Режисерот и сценарист Дејвид Линч, кој радикално го промени американското кино со својата мрачна, надреалистичка уметничка визија, почина на 78-годишна возраст.

Неговото семејство веста за неговата смрт ја објави на социјалните мрежи.


„Светот сега е едно големо празно место бидејќи тој повеќе не е со нас. Но, како што би рекол: „Фокусирајте се на крофната, а не на дупката“.

Дејвид Линч во август минатата година објави дека има емфизем, но дека не се пензионира.

Секое задоволство има своја цена“, напиша американскиот режисер на Х, потврдувајќи дека боледува од белодробен емфизем поради „долгогодишното уживање во цигарите“, но истовремено ги информирал своите обожаватели дека „никогаш нема да се пензионира“.

Во интервју за британскиот магазин „Sight and Sound“, во септември, тој призна дека е помалку активен од порано и дека можеби ќе треба да им дава инструкции на своите актери од далечина за време на идните проекти.

Телевизиските серии „Твин Пикс“ и филмовите како „Син сомот“, „Изгубениот автопат“ и „Булевар ѕвезда“ комбинираа елементи на хорор, филм ноар, крими-мистерија и класичен европски надреализам. Линч раскажуваше приказни, не толку различни од Луис Буњуел, кои ја следеа нивната сопствена непробојна логика, пренесува Вариети.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот