Поранешната светска шампионка на 100 метри и трикратна освојувачка на олимписки медали, Американката Тори Боуви почина на само 32 години, потврди нејзината менаџерска компанија „Ајкон менаџмент“.
Боуви на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година освои сребро на 100 метри и бронза на 200 метри, а беше дел од шампионската 4х100 штафета со Тијана Бартолета, Елисон Феликс и Инглиш Гарднер. Една година подоцна на СП во Лондон, таа го освои златото на 100 метри пред Мари-Жозе Та Лу од Брегот на Слоновата Коска.
Животната приказна на Боуви е трагична. Таа беше оставена во дом за сираци, пред нејзината баба во Мисисипи а ја одгледа. Таа успеа да влезе на Универзитетот на Јужен Мисисипи, освојувајќи ги колеџ титулите во скок во далечина и 100 метри.