Утрински Весник
Македонија

Почина пејачката на народна музика Атина Апостолова

Img 3700.jpeg

Денеска во Скопје почина пејачката на народна музика Атина Апостолова. Имаше 78 години. Веста за смртта на Апостолова ја објави фолк-пејачката Вики Среброва, која ѝ беше блиска пријателка.

Апостолова е родена на 20 мај во 1946 во Скопје. Дипломирала на Економскиот факултет.  Нејзина најпозната песна е „Пејте мераклии“, покрај другите „Цела вечер ќе ти пеам“, „Верувај ми“, „Иле, Илија“.

Со пеење се занимавала уште од најраната младост. Откривајќи го нејзиниот музички талент, татко ѝ ја запишал во музичко училиште кога имала пет години. Таму учела да свири клавир до четврто одделение. Нејзиниот прв настап бил во тинејџерските години во емисијата „Микрофонот е ваш” каде што го освоила првото место со песната „Не си го продавај, Кољо, чифликот”.

Снимила четири касети од кои три биле снимени во Белград, а една во Македонската радио телевизија. Соработувала со авторите Ванчо Тарабунов, Милан Зафков, Никола Митровиќ, Орце Зафировски, Радмила Митровиќ и Огнен Неделковски.

Има снимено дуети со Ванчо Тарабунов и со Ефто Пупиновски.  Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски. Во 2023 на фестивалот „Тумба Фест” во Куманово ја доби наградата за животно дело.

Можете да прочитате

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција

Филипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ