Утрински Весник
Балкан

Почина една од повредените при уривањето на настрешницата во Нови Сад

Zeleznichka Stanica Novi Sad Qwezsu0fr0cenccdc021dvjhh3zodubzfphikv1l0g.jpg

 Една од повредените жени при падот на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад им подлегна на повредите, потврди за РТС директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов.

-Со жалење мораме да соопштиме дека денеска, 17 дена по трагичниот настан на железничката станица, почина уште една жртва во несреќата што се случи во Нови Сад. Се работи за девојката која беше најтешко повредена. И покрај сите напори на лекарите од Клиничкиот и Универзитетскиот центар на Војводина, дојде до смртен исход, изјави Весна Туркулов.

Таа изрази сочувство до семејството на починатото девојка и изјави дека борбата за животите на преостанатите двајца преживеани продолжува.

Сега веќе 15 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

Поради настрешницата што се урна во Нови Сад, премиерот Милош Вучевиќ најави дека до крајот на неделата се очекуваат вести за нови оставки и го повика надлежното обвинителство да соопшти до каде е истрагата.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ на 5 ноември поднесе оставка.

Истрагата за несреќата на железничката станица во Нови Сад е во тек. Обвинителството во Нови Сад досега сослуша 71 лице.

Можете да прочитате

Косовската опозиција бара употребата на албанскиот јазик во земјава да биде на дневен ред на утрешната седница на владите во Приштина

Протест во Нови Сад: Сообраќајот беше блокиран неколку часа

Земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Македонија