Утрински Весник
Магазин

Почина Ален Делон,  француската филмска икона на 20 век

D0b0d0bad182d0b5d180d0bed182 D0b0d0bbd0b5d0bd D0b4d0b5d0bbd0bed0bd D0bfd0bbd0b0d0bdd0b8d180d0b0 D0b5d0b2d182d0b0d0bdd0b0d0b7d0b8d198 63d041ec3328f.jpeg

Францускиот актер Ален Делон почина на 88-годишна возраст, а веста ја потврдија неговите деца за новинската агенција „Франс прес“.

Наследниците на Делон напишаа заедничко соопштение до медиумите.

„Тој почина мирно во својот дом во Души, опкружен со неговите деца и неговото семејство“, се вели во соопштението, во кое се додава дека семејството бара приватност во овие тешки моменти.

Неговата здравствена состојба беше лоша во последните неколку години, особено откако преживеа мозочен удар во 2019 година.

Делон е роден на 8 ноември 1935 година. Во својата долга кариера, тој се покажа како исклучителен театарски и филмски актер, режисер и сценарист и заслужено го доби епитетот „икона на француската и светската кинематографија“.

Појавувајќи се на филм во 1957 година, тој веднаш стана еден од најатрактивните и најамбициозните млади француски актери. Делон ја одигра својата прва забележителна улога во криминалниот филм „Во зенитот на сонцето“ („Purple Noon“), а светската слава ја стекна во 1960 година со улогата во филмот „Роко и неговите браќа“ („Rocco and His Brothers“).

Меѓу најважните филмови во кои глумел во текот на кариерата се „Самурај“ („Le Samouraï“), „Борсалино“ („Borsalino“), „Гепард“ („The Leopard“), „Сицилијански клан“ („The Sicilian Clan“) итн.

Можете да прочитате

Instagram со нова функција на кој сите корисници ќе се радуваат

Грозјето со неверојатни здравствени придобивки

Носталгија за Југославија: Летување на плажа во 80-тите години