Утрински Весник
Спорт

Поцеко ќе остане на селекторската функција

Италијанската кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира во полу-финалето на Евробаскетот. Во драматичен натпревар, во четврт-финалето, по едно продолжение Италија загуби од Франција.

dobivaj vesti na viber

Претходно, Италија направи големо изненадување со победата над Србија во осмина-финалето.

Како одлучувачки момент на тој натпревар сите го посочуваат исклучувањето на харизматичниот и темпераментен тренер на Азурите, Џанмарко Поцеко. Кога беше исклучен тој во солзи го напушти теренот, но со тој гест успеа да го крене својот тим и го турна до големата победа.

И покрај елиминацијата од Франција, Поцеко доби доверба од челниците на Сојузот, решија со него да ја продолжат борбата за пласманна СП и Олимписките игри.

Ова го потврди претседателот на Италијанскиот кошаркарски сојуз Џани Петручи во изјава за „Коријере дело спорт“.

„Можам да потврдам дека ќе остане на селекторската позиција. Во тоа нема сомнеж. Ме убеди со својот однос кон играчите“, рекол Петручи.

Одговорните во италијанската кошарка сметаат дека се на добар пат.

„Настапите на тимот и ентузијазмот што е создаден се позитивни. За жал, горчливиот вкус останува поради поразот од Франција, но не можеме да ги обвинуваме играчите и членовите на стручниот штаб. Понекогаш подобриот тим губи. Мора да продолжиме по овој пат. Ромео Сакети тргна во вистинската насока, а Поцеко продолжи на најдобар начин, изјави претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Италија.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари