Утрински Весник
Спорт

Победа за Саинц, Верстапен се откажа во третиот круг од трката во Австралија

Karlos Sainc Testovi U Bahreinu Formula 1 F1 22 Feb 2024 Profimedia 65d7877895565.webp.webp
Ss2

Возачот на Ферари, Карлос Саинц е победник на трката за Големата награда на Австралија, која утрово се одржа во Мелбурн.

Саинц на патеката Алберт Парк ја постигна третата победа во кариерата, а ја постигна со време од 1:20:26.843.

Ss1

Тој се врати на патеката во Мелбурн откако пред две недели беше опериран против воспаление на слепото црево.

Второто место го зазеде неговиот тимски колега Шарл Леклер (+2,3669, кој исто така освои дополнителен поен за најбрз круг на трката, а трет Ландо Норис од Мекларен (+5,904).

Возачот на Мекларен Оскар Пјастри го освои четвртото место, Серхио Перез од Ред Бул беше петти, а возачите на Астон Мартин Фернандо Алонсо и Ленс Строл беа шести и седми.

Возачот на РБ тимот Јуки Цунода беше осми, а бодови освоија и возачите на Хаса Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен.

Тројниот светски шампион Макс Верстапен, кој стартуваше од пол-позицијата, мораше да се повлече откако во третиот круг му се запалија сопирачките.

Тоа беше негово прво повлекување по две години и трка на истата патека.

По првите три трки во шампионатот, Верстапен има 51 бод,

Леклер е на второто место со 47, а Перез е само бод помалку на третото место.

Четвртата трка од шампионатот се вози на 7 април за Големата награда на Јапонија.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот е новиот тренер на „Енфилд“

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов