
Кадетската македонска ракометна репрезентација со победа ги стартуваше натпреварите во групата за пласман на ЕП 2026 што ќе се игра во Србија.
Избраниците на селекторот Горан Кузманоски ја совладаа Финска со 36:29 (13:15).
Нашата репрезентација со тешко го „скрши“ отпорот на ривалот, кој на полувреме водеше 15:13. Отпорот на ривалот беше до 45.минута, кога нашите ракометари успеаја да се одлепат и да ја навестат победата.
Најефикасни во нашиот тим беа Јован Петрески и Бобан Поповски кои постигнаа 10, односно 9 голови.
Утре во дуел од второто коло противник ни е јужниот сосед Грција (почеток 14:30 часот), додека во недела е дуелот од третото коло и нашата репрезентација ќе игра против домаќинот Луксембург (почеток 15:30 часот).



