Утрински Весник
Свет
Img 7972

По земјотрес, еден загинат и петмина повредени во рудник за јаглен во Полска

По земјотрес, еден загинат и петмина повредени во рудник за јаглен во Полска
300x250 opst2

Едно лице загина, а пет се повредени утринава во рудник за јаглен во Руда Слонска, јужна Полска, јавија француските медиуми, повикувајќи се на компанијата за ископ на јаглен ПГГ.

dobivaj vesti na viber

-Како резултат на земјотресот што се случи во 6:13 часот по локално време на длабочина од околу еден километар, едно лице загина, а пет други се повредени, без животна опасност, изјави портпаролот на компанијата Томаш Глоговски, кој додаде дека починатиот има 39 години.

Според Глоговски, акцијата за спасување била завршена до 10 часот.

Вкупно седум лица загинаа оваа година во Полска во рударски несреќи, покажуваат официјалните податоци. Бројот на жртвите во рудниците во земјата минатата година беше 30. Ископувањето јаглен и понатаму е особено важно за полската енергија.

Можете да прочитате

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа

Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа

Нобеловиот комитет во понеделникот го одржа последниот состанок пред објавата на добитникот на наградата за мир