Утрински Весник
Македонија

По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени автомобили во Скопје, одрон кај село Дреново

20240628085544 Big 730x400 97.webp.webp

Центарот за управување со кризи утринава информира дека се уште пристигнуваат пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти од синоќешното невреме. 

На Единствениот број за итни случаи 112 во 03:22 часот е добиена пријава за паднато дрво врз три возила и на коловоз на улицата „Разловечко востание“ бр.16  во општина Карпош, а утринава во 06:09 часот е добиена уште една пријава за оштетен автомобил на истата улица бр. 12.

Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежните служби.

Добиена е и пријава за причинета материјална штета во погонот на компанијата „Ла пласт“. 

– Според пријавителот, најверојатно постои проблем со атмосферската канализација или пак е пукната цевка, при што водата тече по улица и се слева во неговите погони. Во моментот објектот се наоѓа поплавен до 50 сантиметри под вода. РЦУК Скопје ги извести надлежните служби за интервенирање според пријавениот итен случај, информираат од ЦУК.

До ЦУК е пристигната и информација за одрон на патот Прилеп кон Каварадци односно меѓу тунелот и селото Дреново. Одронот е на двете коловозни ленти. Известени се надлежните служби кои информирале дека итно ќе испратат екипа на терен.

Можете да прочитате

Лажен оглас за бесплатен курс по Англиски јазик од Владата кружи на социјалните мрежи

Скопјанец донесен избоден во Градска болница

Малолетникот од Петровец кој исчезна по семејна расправија, се вратил дома