Утрински Весник
Спорт

НБА: Испишана историја на драфтот

Yuobllghvxipksdlzmhi.webp.webp

Кошаркарска историја е испишана на драфтот во НБА лигата, откако ЛА Лејкерс го избра во своите редови 19-годишниот Брони Џејмс синот на легендарниот Леброн Џејмс, со што првпат во историјата татко и син ќе играат во ист тим.

Американските медиуми претходно јавија дека агентот Рич Пол наводно се заканил дека Брони ќе ја продолжи кариерата во Австралија, доколку не биде избран од ЛА Лејкерс.

Брони Џејмс беше 55 избор на драфтот, а во НБА лигата се сели од универзитетскиот тим УСЦ.

Неговиот татко Леброн Џејмс дебитираше во НБА лигата во 2003 година, а дресот на ЛА Лејкерс го носи од 2018.

Можете да прочитате

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА

Почина Владимир Секуловски, поранешен македонски репрезентативец