Утрински Весник
Свет

По три години, Путин телефонски разговараше со Макрон

Makron putin.jpg
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот француски колега Емануел Макрон денеска разговараа телефонски, првпат по речиси три години, соопшти Кремљ.

Според руската страна, Путин изјавил дека конфликтот во Украина се должи на политиката на Западот, кој ги игнорира интересите на Русија и создава антируски мост во Украина и толерира прекршувања на правата на населението кое зборува на руски јазик.


Од Кремљ наведуваат дека разговорот траел околу два часа.

Од Елисејската палата потврдија дека Макрон ја нагласил „непоколебливата поддршка на Франција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ и повикал на итно примирје, како и на преговори за одржливо и трајно решение на конфликтот.

Француското претседателство соопшти дека двајцата лидери се договориле наскоро повторно да разговараат за прашањето за Иран и заедничките активности поврзани со него.

Ова е прв директен контакт меѓу Путин и Макрон од септември 2022 година.

Можете да прочитате

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби