Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за едно огласено работно место на коридорите 8 и 10 д добило по речиси тројца пријавени. Огласот беше отворен до 25 априла, а заинтересираните имаат 13 дена да се пријават.
„На јавниот оглас кој беше објавен на ден 13.04.2023 година до сега се пријавија вкупно 73 работници за 15 работни места за 28 извршители. Со оглед на тоа дека огласот е сè уште активен односно следи фазата на селекција на кандидатите, во моментот не може да дадеме дополнителни информации“, велат од Јавното претпријатие за „Макфакс“.
Поради тоа што се уште трае селекцијата на кандидатите од Јавното претпријатие не кажаа дали планираат дополнителни огласи за вработувања и колкумина од веќе вработените во претпријатието ќе работат на коридорите 8 и 10 д.
Јавното претпријатие објави оглас на кој бара 28 работници чии задолженија ќе бидат исклучиво коридорите 8 и 10 д. Новите вработени во претпријатието ќе имаат основни плати од 29.866 денари до 70.052 денари, а ќе бидат вработени во јавното претпријатие до завршување на проектот, односно до 22.1.2028 година. Овие плати се за 40-часовна работна недела.
Највисока основна плата, 70.052 денара, се нуди за помошник на главниот координатор, а најниските плати од 29.866 денари се за двајца администратори и двајца возачи.