Утрински Весник
Свет

По Путин, и кинескиот претседател ја откажа посетата на состанокот на Г20

По Путин, и кинескиот претседател ја откажа посетата на состанокот на Г20

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг нема да патува во Индија на претстојниот самит на Г20, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг.

dobivaj vesti na viber

Министерството не соопшти зошто Шји нема да присуствува.

Ова е првпат кинески лидер да го откаже состанокот на Г20, пишуваат светските медиуми.

Премиерот Ли Кијанг ќе ја предводи кинеската делегација, изјави портпаролката на Министерството, Мао Нинг.

Повеќето од лидерите на Г20 ќе се сретнат в сабота во Њу Делхи на дводневен состанок.

Не доаѓа и рускиот претседател Владимир Путин, а ќе го претставува неговиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Кина и земјата домаќин на Г20, Индија, имаат затегнати односи.

Двете најнаселени земји во светот се расправаат за територијата јужно од Тибет и источно од Индија.

Нивниот спор доведе до кратка војна во 60-тите, во која Кина победи. Во летото 2020 година војници од двете страни меѓусебно се нападнаа со камења, палки и тупаници во пограничната област, најлошиот инцидент во последните децении, стои во написите на медиумите.

Според анализите, неодамна објавувањето на официјалната мапа, на која се гледаат барањата на Кина за спорните копнени и поморски области, предизвика бес од неколку земји.

Можете да прочитате

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци