Утрински Весник
Македонија

По повод Денот на независноста СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров и Трајковски

1 8.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Во рамки на официјалното одбележување на Денот на независноста – 8 септември, делегација на СДСМ составена од пратеникот Митко Трајчулески, претседателот на СДММ Трајче Стојчевски и Викторија Мадиќ денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот Претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното  почивалиште на Претседателот Борис Трајковски, на почивалиштето на првиот премиер Никола Кљусев и на споменикот на борците од НОБ.

Нивната големина и значаен придонес е вграден во државотворниот процес на осамостојувањето и градењето на независноста на македонската држава. Вечна им слава и почит.

Можете да прочитате

МВР со детали за пожарот во кругот на фабрика на подрачјето на Гази Баба

МВР затекна малолетници во угостителски објекти во Куманово

Кривична за струмичанец, погодил малолетник со воздушна пушка