Утрински Весник
Македонија

По невремето, 40 пријави за штети: Паднати дрвја, бандери, покриви…

По невремето, 40 пријави за штети: Паднати дрвја, бандери, покриви…

По невремето што зафати дел од градските и приградските населби на град Скопје преку европскиот број за итни повици Е–112 до РЦУК Скопје стигнаа четириесетина пријави по електронска пошта.

dobivaj vesti na viber

Од нив триесетина се однесуваа на паднати дрјва на различни локации во градот, а кои го попречуваат движењето на граѓаните и одвивањето на сообраќајот, потоа на паднати бандери со струјни и телефонски кабли.

Сите електронски пријави од страна на РЦУК се препратени до дежурните служби во ЈП Паркови и Зеленило, диспечерскиот центар на ЕВН Македонија, А1, Телекабел и Телеком.

Можете да прочитате

Нов удар по џебот: Основните намирници повторно поскапуваат

Приведен 20 – годишен возач од Делчево

Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани