Утрински Весник
Спорт

По најновите докази за силувањето: Сопругата на Дани Алвеш ги избришала сите заеднички фотографии

По најновите докази за силувањето: Сопругата на Дани Алвеш ги избришала сите заеднички фотографии
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сопругата на обвинетиот за силување Дани Алвеш, шпанската манекенка Jоана Санз, ги избриша речиси сите заеднички фотографии од двајцата на Инстаграм.
Репрезентативецот на Бразил е уапсен без прао на кауција.

dobivaj vesti na viber

Веднаш по обвинението, Јоана го поддржала сопругот, но откако станало јасно дека на долната облека на жртвата останал доказен материјал, таа очигледно го променила ставот.

Санз и Алвеш се заедно од 2015 година, а фудбалерот претходно имаше уште еден брак со Динора Сантана кој траеше само три години.

Девојката која го обвини Алвеш за силување одбила отштета и сака тој да оди во затвор. На фудбалерот, кој во неколку наврати даваше контрадикторни изјави, му се заканува затворска казна од 4 до 12 години.

Во раните денови на 2023 година, Јоана мораше да поднесе уште еден тежок удар, загубата на нејзината мајка. Таа подоцна на Инстаграм напиша:
„Срце мое, издржи ја оваа огромна болка, те молам“.

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја