Утрински Весник
Македонија

По Груби ќе има предмети и за други бивши функционери, најавува вицепремиерот Фетаи

Artan Grubi.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вицепремиерот Арбен Фетаи иронизираше со изјавата на Артан Груби, кој имаше побарано од медиумите да не клеветат, бидејќи ќе се врател од приватната визита во Косово. „Не клеветете и не шпекулирајте! Веднаш штом ќе ги заврши обврските и приватната посета, Артан самиот ќе се предаде во Шутка!“ – напиша Фетаи на својот фејсбук-профил. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Запрашан, ако и откако ќе биде уапсен Артан Груби, дали ќе уследи бран и на други апсења, во интервјуто за телевизијата „Еуроњуз“ од Албанија, објавено на видео-платформата јутуб, Арбен Фетаи одговори потврдно. „Да. Веќе се насобрани стотици такви предмети во обвинителствата во земјата и веќе се извршени првите апсења. Верувам дека ќе продолжи тој тренд во периодот, што следи. Сега повеќе никој не може да биде над законот, заврши периодот на неказнивоста. Ќе има одговорност за сите случаи на корупцијата, која задоби вознемирувачки димензии, како и за сите случаи на организираниот криминал.“ – нагласи вицепремиерот Фетаи.


Можете да прочитате

Вкрстено испитување на сведок од ФЗО во предметот „Онкологија 2“

Сиљановска-Давкова: Шивачката работилница во Идризово е позитивен модел на ресоцијализација

Тренчевска: Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот