Утрински Весник
Македонија

По 5 години настава без учебници по странски јазици, МОН започна постапка за нивна набавка

09 Logo Mon V W Mk.png
Dik 300x250 mk

По цели пет години настава по странски јазици без учебници во основното образование, новото раководство на Министерството за образование и наука и на Педагошката служба ја започнаа постапката за набавка, со цел истите да бидат обезбедени за следната учебна 2025-2026 година.

На јавниот повик кој е објавен на следниот линк, а изработен согласно одредбите од новиот Закон за учебници во основното и средното образование, можат да се пријават
странски издавачи преку домашни застапници и тоа за одобрување на учебници по Англиски јазик од прво до деветто одделение, како и за учебници по Француски, Германски, Италијански и Руски јазик од шесто до деветто одделение. Крајниот рок за пријавување е 28.3.2025 година.


Постапката за набавка на сите учебници по странските јазици целосно ќе заврши пред почетокот на учебната година. Учениците, први септември ќе го започнат без грижи дали ќе имаат основни помагала за совладување на наставната материја, а наставниците без обврски самостојно да наоѓаат материјали и извори на информации.

Дополнително, информираме дека е објавен и конкурс за изработка на нови учебници за седмо одделение, согласно новите наставни програми и тоа по предметите Биологија, Хемија, Физика, Географија, Граѓанско образование и Албански јазик како изборен предмет, но и учебници по изборниот предмет Јазикот и културата на Турците за сите одделенија од шесто до деветто.

Рокот за пријавување е 31.3.2025 година.

МОН и Педагошката служба ги повикуваат издавачките куќи да покажат интерес и да се пријават на повиците. Конкуренцијата е од исклучителна важност за обезбедување на квалитетни наставни помагала, кои ќе овозможат непречен воспитно – образовен процес.

Сите учебници и натаму ќе останат бесплатни, со обврска за учениците да се грижат за нивната состојба и на крајот од учебната година да ги вратат на училиштето.

Можете да прочитате

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни“

Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка (ВИДЕО)

Насилство во Аеродром: Партнер на вработена го нападнал нејзиниот колега во спортска обложувалница, заврши со оштетено возило и повреди