Утрински Весник
Спорт

ПМФЛ: Шкендија убедлива против Вардар

Pmfl 1 960x574 3.jpg

Во ПМФЛ се одигра  8 коло каде Шкендија на домашен терен го пречека Вардар. Тетовските „црвено-црни“ поведоа со голот на Трумчи и брзо стана јасно дека овој меч ќе биде едносмерна улица, нешто во што се уверивме до крајот на полувремето.

Шкендија постигна уште два гола преку Ибраими и Ахмеди и веќе во 27-та минута беше 3:0, па и стана јасно дека бодовите остануваат под Шара.

Во вториот дел, конечните 4:0 ги постави Флорент Рамадани, а овој резултат беше актуелен и на натпреварот меѓу Брера и Пелистер кој им припадна на домаќините од Струмица.

Дерби пресметка се играше и во Скопје каде Работнички покажа дека е навистина импресивен на стартот на сезоната, а победата од 2:1 над Шкупи дополнително ќе ја зголеми самодовербата кај „романтичарите“.

Шампионот Струга беше пред победа над Гостивар и водеше 2:1 до самата завршница, но на крајот прими гол и ова ново дерби во македонскиот фудбал заврши со резултат 2:2.

На останатите две средби, Беса ја победи Воска со 1:0, додека Тиквеш и Силекс ремизираа со најнепопуларните 0:0.

Резултати 8. коло:
Брера – Пелистер 4-0
Беса – Воска 1-0
Работнички – Шкупи 2-1
Шкендија – Вардар 4-0
Струга – Гостивар 2-2
Тиквеш – Силекс 0-0

Табела: Шкендија 17, Гостивар 16, Работнички 16, Силекс 13, Струга 12, Брера 11, Шкупи 9, Пелистер 9, Беса 8, Вардар 7, Тиквеш 5, Воска 5.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ спаси две сет топки, во два тај-брејка го победи Микелсон

ФИФА ќе побара да се вклучат футсалот и фудбалот на плажа во програмата на Олимписките игри

Бањаја победи на спринтот во Јапонија