
Шкендија се искачи на второто место на табелата, откако попладнево триумфираше над Силекс во Кратово со 2-1 во дербито на 19 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а гостинска победа забележа и Арсими против Шкупи со 3-0.
Шкендија дојде во водство во 17 минута со голот на Тамба, а откако Буторовиќ го израмни резултатот во 45 минута, Зејнулаи во 89 минута биеше прецизно за победа на актуелниот шампион.
Арсими до триумфот над последнопласираниот Шкупи дојде со головите на Селмани (5, 55) и Гафури (32).
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Македонија ЃП и Тиквеш.
ПМФЛ – 19 коло:
Пелистер – Струга 1-1
Вардар – Башкими 1-0
АП Брера – Работнички 3-4
Силекс – Шкендија 1-2
Шкупи – Арсими 0-3
Македонија ЃП – Тиквеш (понеделник).
Табела: Вардар 51, Шкендија 45, Струга 42, Силекс 35, Башкими 26, Арсими 25, АП Брера 23, Тиквеш 21 (-1), Пелистер 20, Македонија ЃП 19 (-1), Работнички 10, Шкупи 1.


