Утрински Весник
Балкан

Пленковиќ: Нема да испратиме хрватски војници во Украина

Plenkovic.webp.webp

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска повтори дека ниту еден хрватски војник во рамките на активностите на НАТО нема да биде испратен во Украина, и најави нова седница на саборскиот Одбор за одбрана на која ќе зборува официјален претставник на НАТО.

Пленковиќ на прес-конференција рече дека двајца хрватски офицери ќе учествуваат во НАТО мисијата за поддршка на Украина во Висбаден, Германија, но нема да одат во Украина. – Веќе ми станува здодевно да го повторувам истото, изјави премиерот.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и дел од опозицијата тврдат дека Хрватска се вовлекува во конфликт со Русија преку НАТО. Пленковиќ ова го нарече „манипулации и дезинформации“ од страна на Милановиќ, кои дел од опозицијата некритички ги прифати.

– Нема да испраќаме хрватски војници во Украина. Никој тоа не го предлага, ниту тоа може да се случи, изјави премиерот на Хрватска.

Пленковиќ додаде дека во НАТО активностите во Украина ќе учествуваат само неколку офицери за врска, и дека ниту еден од нив нема да биде од Хрватска.

Можете да прочитате

Тројцата повредени на железничката станица во Нови Сад се уште во тешка состојба

Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад

Радев се сретна со претседателот на бугарскиот клуб од Битола