Утрински Весник
Балкан

Пленковиќ: Набавка на повеќенаменски бродови ќе биде нашиот следен чекор

Plenkovi .webp.webp
Ss2

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека по борбените авиони „Рафал“, следниот чекор е набавка на повеќенаменски бродови за хрватската морнарица.

-Следниот голем проект на евентуалната трета влада на Андреј Пленковиќ ќе биде набавка на повеќенаменски бродови, изјави хрватскиот премиер по свечениот пречек во Хрватска на првата група повеќенаменски борбени авиони „Рафал“, кои пристигнаа од францускиот град Бордо.

Img 5587

Клучниот голем проект за овој мандат, како што кажа Пленковиќ, е дека „хрватската морнарица сега го зема својот ред“.

-Време е да имаме повеќенаменски бродови покрај повеќенаменските авиони и тоа ќе биде следниот голем проект на нашата трета влада за зајакнување на хрватската армија, додаде тој.

Во Хрватска вчера слетаа првите шест од вкупно 12 повеќенаменски борбени авиони „Рафал“.

Авионите пристигнаа две години и пет месеци по потпишувањето на договорот со Франција вреден повеќе од една милијарда евра, а пристигнувањето на последниот од договорените авиони се очекува на почетокот на следната година.

Ss1

Можете да прочитате

Вo Шпанија уапсен еден од најбараните наркобосови во Србија

Обид за убиство на политичар во северно Косово, од партијата велат дека се вмешани Белград и Радоичиќ

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција утре на заедничка вежба, Улуташ: Ја демонстрираме готовноста за зачувување на регионалната стабилност