Утрински Весник
Балкан

Пленковиќ ги отфрли критиките за приемот на хрватските ракометари со Томпсон

Plenkovik.webp.webp

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ги отфрли обвинувањата дека Владата дејствувала неуставно при организацијата на приемот на бронзените хрватски ракометари во Загреб, на кој ќе настапи контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон. Пленковиќ рече дека Владата постапила во согласност со Уставот и законите, и ги обвини партиите од левицата за „идеолошки и ексклузивен пристап“.

Тој појасни дека Владата презела организација на приемот бидејќи Градот Загреб не бил во можност да го направи тоа, и дека сакаат да ја спречат „бездната“ меѓу спортот и културата. Ракометарите вчера го освоија третото место на Европското првенство во Данска, а пречекот во Загреб прво беше откажан од Хрватскиот ракометен сојуз поради несогласувања со градските власти. Владата денеска објави дека го презема приемот, кој ќе се одржи на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во 18 часот. Градоначалникот Томислав Томашевиќ и Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ја критикуваа Владата за „узурпирање на државата“ и институционално насилство. Некои правни експерти предупредија дека постапката може да претставува кршење на Уставот.

Можете да прочитате

Името на Ѓукановиќ во документите за Епштајн, тој тврди: Немам никаква врска

Снежно невреме ги затвори училиштата во Грција

Полицијата во Земун запленила пола милион психоактивни таблети