Утрински Весник
Македонија

Пленарна конференција на Националната конвенција за ЕУ

20251125154311 big 730x400 24.webp.webp

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи 8. Пленарна конференција на Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ-МК) под мотото „Реформи од другата страна на реториката: Регионални предизвици на патот кон Европската Унија“.

Како што информираат организаторите, на конференцијата фокусот ќе биде на иницијативите на ЕУ за зајакнување на регионалната интеграција на Западниот Балкан, особено преку Планот за раст и потребата од усогласени политики и засилена реформска динамика.

Воведно обраќање ќе има претседателот на Собранието, Африм Гаши, а ќе учествуваат пратеници, амбасадори, високи функционери од министерствата и правосудните институции, претставници од Словачка, Албанија и Србија, академици, граѓански организации и работните групи на НКЕУ-МК.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата