Утрински Весник
Македонија

Платата на Пендаровски покачена 72 илјади денари: нема како да се вратат парите, ќе се донираат

Платата на Пендаровски покачена 72 илјади денари: нема како да се вратат парите, ќе се донираат

Шефот на државата Стево Пендаровски месецов ќе добие покачена плата. Пресметките во претседателскиот кабинет за „Макфакс“ покажуваат дека покачувањето ќе биде 72.156 денари. Ова значи дека ако тој досега земал 93.356 денари, месецов ќе му се исплатат 165.512 денари нето, односно 254.025 бруто-плата. Пендаровски останува на ставот дека е невкусно функционерите да добиваат повисоки плати во време на криза.

dobivaj vesti na viber

„Не постои законска основа за да се вратат средствата во државниот буџет. Што се однесува до разликата меѓу старата и новата плата, претседателот Пендаровски ќе ја донира во хуманитарни цели на ранливи категории наши сограѓани. Во однос на покачувањето на платите, претседателот Пендаровски смета дека е потребно да се најде законско решение за намалување на платите и претседателот очекува најбргу што може Владата да излезе со конкретен предлог“, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

Досега во Собранието нема предложени измени на законот со кој ќе се спречи енормното зголемување на платите за избраните и именуваните функционери.

Поголемите плати ги донесе укинувањето на фиксната основица според која се пресметуваат платите на избраните и именуваните лица. Од пратеници преку градоначалници и владини функционери, именувани лица во претпријатија и државни фирми, па до судии – сите ќе добијат поголеми плати во согласност со одлуката на Уставниот суд. Сите се правдаат дека одлуките на Уставниот суд мора да се почитуваат, но тоа не значи дека не може да ги сменат законите. Но, очигледно сите се надеваат дека народот и на власта и на опозицијата ќе им заборават дека, прво и единствено, си го гледаат сопствениот џеб.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Пратениците нa Европскиот фронт ги дистанцираат Албанците од западните стратешки партнери. 

На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДС ќе докажат дека уште го штитат