Утрински Весник
Свет

Писториус: Путин се обидува да го разниша НАТО одвнатре

Boris Pistorius.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус смета дека рускиот претседател Владимир Путин не тежнее кон директен воен судир со НАТО, туку настојува да ја ослаби Алијансата преку внатрешни поделби и тестирање на нејзината кохезија. „Не верувам дека Путин сака целосна војна против НАТО . Неговата цел е да ја уништи Алијансата одвнатре, да ја тестира нејзината решителност и солидарност“, рече Писториус во интервју за германскиот весник „Цајт“.

Тој оцени дека Москва не покажува знаци дека сака да стави крај на војната во Украина и нагласи дека одлуката е исклучиво во рацете на Путин. Воедно предупреди дека Европа мора да се подготви за можноста САД делумно да се повлечат од безбедносните обврски, иако, како што посочи, американската улога особено во нуклеарното одвраќање – останува клучна.

Писториус истакна дека ослабено трансатлантско партнерство би било сериозен ризик и дека Русија внимателно ги следи реакциите на НАТО, тестирајќи ја неговата решителност. Според него, единството на сојузниците е од суштинско значење. Тој додаде дека поддршката за Украина продолжува, вклучително и финансиската помош од ЕУ, додека Германија работи на зајакнување на Бундесверот, иако, како што рече, проширувањето на воените капацитети бара време.

Можете да прочитате

Германија воведува задолжителна воена обврска од 2026 година

Политико: АфД обвинета за собирање информации за Кремљ

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД