Утрински Весник
Македонија

Писмото на директорката на „Козле“ е преседан во македонското општество и новинарство

Whatsapp Image 2025 02 03 At 18.49.05 Ac44b352.jpg

Невиден преседан е преку Изјава дирекрор/ка на јавна институција да бара медиуми да не пишуваат за неговата работа.

Токму тоа денеска го стори в.д. директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле, Каролина Симоновска.


Оттаму, кратка лекција по демократија и транспарентност за в.д. директорката.

Бидејќи е именувана за вршител на јавна функција и прима плата од Буџетот на Република Северна Македонија, јавноста има легитимно право на информации поврзани со нејзиното работење. Јавните службеници се одговорни пред граѓаните, а транспарентноста е основен принцип во демократското општество.

Инаку, нејзината професионалност и интегритет се заштитени, но правото на јавноста да биде информирана за активностите на институциите кои ги финансира е подеднакво важно.

Доколку директорката се повлече од јавната функција, тогаш би било соодветно да ги искористи правните механизми за заштита на нејзиното име, но додека е на оваа позиција, приоритет треба да биде отвореноста и отчетноста кон граѓаните.

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош