Утрински Весник
Магазин

Пирс Броснан виновен за недозволено движење во Јелоустоун, казнет со 1500 долари

D0bfd0b8d180d181 D0b1d180d0bed181d0bdd0b0d0bd D181d182d0b0d0bdd0b0 D0b4d0b5d0b4d0be D0bfd0be D187d0b5d182d0b2d180d182d0b8 D0bfd0b0d182 63cd91b69670a.jpeg

Пирс Броснан се изјасни виновен по обвинението дека скршнал од определената патека во една од термалните области на Националниот парк Јелоустоун во ноември 2023 година, според судските документи поднесени во Окружниот суд во американската сојузна држава Вајоминг.

На Броснан (70) му е врачено известување за прекршок, како и второ за наводен сличен прекршок кај Мамут Хот Спрингс – на 1 ноември 2023 година. Ирскиот глумец и неговиот адвокат се појавија на судењето вчера утрото. Тој, инаку, претходно во јануари се изјасни невин за двете обвиненија.

Ѕвездата од „Џејмс Бонд“, следствено, е казнет со 500 долари затоа што залутал од патеката, но судијата му наложи и да ѝ плати 1.000 долари на непрофитната организација „Јелоустоун
засекогаш“. Судот ги отфрли наводите за вториот прекршок.

Интернет-страницата на Националниот парк Јелоустоун ги упатува посетителите „секогаш да одат по назначените патеки“, заради безбедност на пешаците и заштита на „чувствителните термални формации“, т.е. изворите. Дополнително, водата од топлите извори, се наведува, може да предизвика „тешки или смртоносни изгореници“ при контакт.  

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста