Утрински Весник
Спорт

Пиоли: Наполи се подобри во Серија А, но ова е ЛШ, а ние сме Милан

Пиоли: Наполи се подобри во Серија А, но ова е ЛШ, а ние сме Милан

Наполи своето прво четврт-финале во Лигата на шампиони ќе го играат против добро познат противник, откако ждрепката сакаше да се судрат со Милан. Додека „росонерите“ имаат огромно искуство (и огромни успеси) во ЛШ, за Наполи ова е „нова територија“ и тренрот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека реално може да се очекува да се стигне до финалето.

dobivaj vesti na viber

„Трениравме додека се случуваше ждрепката. Било кој противник ќе беше тежок, компликуван, но и мотивирачки. Сакаме да одиме понатаму. Ние сме во четврт-финалето, ние сме Милан и ќе одиме до крај. Наполи се силен тим, многу подобар од нас во лигата, но Лигата на шампиони е Лигата на шампиони и ние сме Милан“, предупреди самоуверено Пиоли.

Тој додаде дека не се слушнал со добриот пријател, тренерот на Наполи, Лучано Спалети.

„Не се слушнав. Не верувам дека ќе ми прати порака. Имам одлични односи со него, и го сметам за исклучителен тренер“, вели Пиоли.

Спалети, пак, цени дека Милан се фаворити во четврт-финалето и дека само „тие што не знаат ништо за фудбалот“, мислат дека е добра ждрепка да се извлече Милан.

„Ќе беше подобро да не се судриме со италијански клуб. Само тие кои не знаат ништо зборуваат за добра ждрепка, бидејќи Милан се како дома во Лигата на шампионите, ја имаат освоено седум пати, само Реал Мадрид имат повеќе титули од нив. Само нивниот директор Паоло Малдини има пет. Мораме да признаеме дека тие се фаворити“, вели Спалети.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами